Map Graph

Горни Куќи (Слепче)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Горни Куќи — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Слепче. Претставува населба од средниот век. Се наоѓа на 1,3 км западно од селото, во нива на месен селанец, каде се гледаат грамади од градежен материјал, а според кажувањето на друг жител на селото, во ова наоѓалиште биле најдени и питоси. Еден од питосите се чува во Слепченскиот манастир.

Read article